Предности на ЛЕД Технологијата

Конкурентноста на ЛЕД светилките е многу очигледна. Пред се, ЛЕД технологијата може да се пофали со екстремната штедливост гледано од аспект на потрошувачката. ЛЕД светлата користат помеѓу 50 и 80 проценти помалку енергија отколку обичната сијалица и се забележително полесни и поефтини за одржување и оперирање. Втора важна карактеристика на ЛЕД светлата е нивната ефикасност. Една ЛЕД светилка произведува и до четири пати повеќе светлина по ват (watt) отколку нивните конкуренти од истата индустрија. Понатака, светлечките диоди се препознатливи и впечатливи по својот широк спектар на бои. Тие можат да ви понудат боја по потреба и вкус без употреба на бојни филтери, кои што се неизбежливи кај обичните светилки. Исто така, ЛЕД се карактеристични по својата големина (помали и од 2 mm²) и по можноста да ја фокусираат својата светлина под различен, кој многу допринесува за поубав дизајн. Можноста да се фокусира светлината допринесува истата да се користи наменски и максимксимално со што се избегнува залудното трошење на светлината односно електричната енергија.

Покрај горенаведените карактеристики ЛЕД светлата се издвојуваат, и се во голема предност пред своите конкуренти, поради долгиот животен век и уникатниот допринес за здрава околина. ЛЕД има животен рок од повеќе од 50.000 часa и дури и една диода само ќе ви допринесе да отстраните пола тон карбон диоксид од атмосферата во временскиот период од нејзиниот животен век отколку една обична сијалица.

Едноставно, со ЛЕД светлата се добива посилна и поубава светлина, широк спектар на бои, долг животен рок и атмосфера почиста и поздрава од било кога досега.
Комбинирајќи ги ЛЕД диодите со посебно дизајнирани електронски кола се добива цел спектар на производи и апликации на истите кои оваа мала електронска компонента ја прават уникатна. Користејќи ја на овој принцип, ЛЕД диодата може да служи како обично расветно тело за сенаменска употреба, како ЛЕД дисплеј и како компонента во високо технолошки комуникациски системи.

 
 
Што е Лед технологија
Предности на ЛЕД Технологијата