ЛЕД е скратеница од англискиот збор “Light Emitting Diode” (светлечка диода). ЛЕД диодата е електронски извор на светлина и во суштина се однесува како полу-проводник. Кога оваа диода е подложена на струја електроните во неа енергијата ја испуштаат во вид на светлина. ЛЕД диодите се насочен извор на светлина и можно е да се направат различни видови на ЛЕД производи во смисла на моќност, агол и боја.